Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци
Свети Атанасиј — црква во селото Беранци.[1] Црквата се наоѓа во југозападниот дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото, од десната страна на патот кој води до Беранечкиот манастир. ИсторијаЦрквата е изградена во 1868 година, но била целосно разрушена во Првата светска војна, по што била обновена во 1924 година и најпосле во 1988 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а над него има ниша со фреска во застаклена рамка на која е прикажан Атанасиј Александриски. Споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. На јужната страна има и два квадратни прозорци кои се распоредени во иста висина, по еден од обете страни на споредниот влез. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, споменик и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една монофора на секоја страна. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia