Црква „Св. Константин и Елена“ - Беранци

Свети Константин и Елена

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Беранечка
Местоположба

Карта

Координати 41°09′39.8″N 21°21′29.3″E / 41.161056°N 21.358139°E / 41.161056; 21.358139
Место Беранци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Константин Велики и Царица Елена
Осветување 23 август 2003
Архитектонски опис

Свети Константин и Еленацрква во селото Беранци. Црквата се наоѓа во северниот дел од селото.

Историја

Од прикачената мермерна плоча во дворот на црквата се забележува дека истата била осветена на 23 август 2003 година.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна и шеснаесетаголна купола. Секоја втора страна на куполата е со поголема површена и содржи по една монофора, а една монофора има и на јужната страна на храмот. Главниот влез е сместен на западната страна. Објектот е изграден од тули и е покриен со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со железна ограда и во него има мермерна плоча со податок за осветувањето на црквата и дарителот.

Галерија

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya