Црква „Св. Атанасиј“ - Даутбал
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου Παλαιοκάστρου) — црква во градот Даутбал, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Нема сознанија кога точно е изградена црквата. Според натписот над западниот влез, обновена е во 1864 г. Според усните преданија, обновата е направена поради пожар. Претставува трикорабна базилика без нартекс, ниски врати, прозорци во горните делови на долгите ѕидови, женска црква на западната стена и трем затворен со решетки. Во изградбата се користени голем број мермерни натписи и остатоци од градби, претежно од древномакедонско време.[1] Храмот ина вредна збирка на икони од XIX век, а во иконостасот има и една икона од XVI век во италијански стил.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia