Црква „Св. Атанасиј“ - Доксат
Свети Атанасиј — црква во селото Доксат, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е осветена на 20 октомври 1867 г. според плочата на западниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква и трем. Апсидата однадвор е украсена со слепи ниши.[1] Првично главниот влез бил од запад, преку тремот. Во 1893 г. со доградбата на камбанарија од делкан камен,[1] се направени извесни промени — тремот е затворен и на југ додаден е нартекс, каде е направен главниот влез.[2] Иконите на иконостасот се дело на Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1870 г. Само две икони се од друг мајстор, насликани во 1843 г.[1][3] Во 1966 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia