Црквата е сместена во североисточниот дел на селото. Според натписот над горниот праг на влезот, таа е подигната во 1865 г. од мајстори од Керасово и месните жители.[1][2] Градбата претставува голема камена трикорабнабазилика со припрата и отворен трем со сводови од јужната страна.[3] Покривот првично бил од камени плочи.[2]
Во храмот се зачувани многу икони на мајстори на Самаринската школа. Две икони од 1867 г. — на Исус Христос, потпишана „διά χειρός Μιχαήλ και Ιωάννου Αντωνίου σαμαριναίων“ и една друга икона се дела на мајсторите Јован Антониу и Михаил од Самарина.[4]
Во 1987 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[5]