Црква „Св. Атанасиј“ - Крушеани

Свети Атанасиј

Апсидален поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Втора кривогаштанска
Местоположба

Карта

Координати 41°18′36.3″N 21°20′52.9″E / 41.310083°N 21.348028°E / 41.310083; 21.348028
Место Крушеани
Општина Кривогаштани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Завршено 1860
Осветување 1860
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Свети Атанасиј (или Свети Атанас) — главна селска црква во прилепското село Крушеани, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Крушеани.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело во Крушеани.[2]

Историја

Црквата била подигната и осветена во 1860 година.[3] Според истражувањето на Јован Трифуноски, пак, црквата е подигната во 1877 година. Претходно на тоа место имало чаириште.[2]

Архитектура

Претставува еднокорабна засводена градба, разделена напола со трем.[3]

Од надворешната страна на црквата е вѕидана римска надгробна плоча со релјефна претстава на жена како стои меѓу два коњаника. Над релјефот има оштетен старогрчки натпис.[4][5]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 „Црква „Свети Атанасиј", село Крушеани“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 2017-10-14. Посетено на 10 март 2014.
  4. „Aрхеолошки локалитети во околината на Прилеп“. Посетено на 10 март 2014. Занемарен непознатиот параметар |publsher= (се препорачува |publisher=) (help)
  5. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 302. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya