Црква „Св. Атанасиј“ - Никодин
Свети Атанасиј — црква во селото Никодин.[1] Сместена е на самото сретсело. ИсторијаЦрквата била изградена во 1935 година врз темели на постара црква, а била живописана во 1943 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува полукружно засводен еднокорабен храм со полукружна апсида на источната страна која содржи четири слепи ниши.[2] Поделена е на два дела, од кои западниот е понизок и во него е сместен влезниот простор, додека источниот е повисок и во него е сместен главниот молитвен простор. Главниот влез е сместен на западната страна и води кон претсобјето, а црквата има и спореден влез на јужната страна кој води директно до моливениот простор. Над обата влеза има ниша со фреска на кој е претставен Атанасиј Александриски. Влезниот простор содржи неколку отвори од надворешната страна по западниот и јужниот ѕид, како и два правоаголни прозорци покриени со решетки на јужната страна. Главниот дел содржи три монофори на јужната и две на северната страна. Дворот на црквата е ограден со камена ограда со две порти. Оградата од обете страни е варосана во бела боја. Од нејзината внатрешна страна, спроти западната страна на црквата има три ниши со фрески на Света Петка, Богородица со Исус и Исус. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата се наоѓа во северозападниот агол од дворот. Таа има квадратна основа и се издига над оградата. Нејзиниот долен дел е варосан во бела боја, додека горниот дел е отворен од сите страни. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia