Црква „Св. Атанасиј“ - Ничпур
Свети Атанасиј — главна селска црква во горнореканското село Ничпур.[1] Црквата се наоѓа на неколку стотина метри југоисточно од селото. ИсторијаСпоред мермерните плочи поставени околу влезната врата, црквата била обновена во периодот 1995-1996, а истата била осветена на 15 мај 1997 година. Во 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени пет икони.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има четириаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена од западната страна, а над неа има ниша со малтерисан крст и натпис во него. На јужната страна има споредна врата, над која има ниша со ликот на Свети Атанасиј, а околу неа има две мермерни плочи со податоци за годините на обнова и осветување на црквата. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од четири железни столбови кои образуваат квадратна основа и се покриени со лимен кров. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia