Црква „Св. Атанасиј“ - Сармусакли
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Сармусакли, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1][2] Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1909 г. на местото на помал стар храм со истото име. Иницијативата за изградбата е покрената во 1908 г. од митрополитот Григориj Серски (подоцна цариградски патријарх). За еден ден собрани се 4000 златни лири. Стариот храм е урнат и на 8 септември 1909 г. митрополитот Григориј го осветил камен-темелникот на новата. Изградбата се одвивала под раководство на италијанскиот архитект Џузепе и грчките инженери Костис и Хаѕимихалис. Градбата претставува крстокуполна базилика во византиски стил. Храмот е осветен на 24 април 1911 г. од митрополитот Агатангел Драмски, бидејќи Апостол Серски тогаш бил во Атина.[2] Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Варвара“, „Св. Ѓорѓи“, „Св. Петка“, „Св. Никола“ и „Св. Илија“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia