Црква „Св. Атанасиј“ - Секирци
Свети Атанасиј – главна и едиствена селска црква во селото Секирци.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1858 година и била осветена на 2 мај истата година од страна на пелагонискиот митрополит Бенедикт Византиски. Внатрешноста била зографисана во 1920 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[2] Храмот има влез на јужната страна и над него има ниша со фреска на Богородица со Исус. Кон западниот ѕид е дограден помошен објект во правец на протегање север-југ. Живописот во внатрешноста е дело на зографот Станко Цветков, чие име се среќава на натписот на западниот ѕид до приказот на Атанасиј Александриски, каде што е потпишан како „Зограф Стојан од Крушево“.[3] Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата. Таа има квадратна основа со по една монофора на секоја страна во горниот дел. Влезот во камбанаријата се наоѓа на јужната страна. Од запатниот ѕид се забележува дека цоклето било соѕидано од камен, а останатиот дел од тули. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia