Црква „Св. Атанасиј“ - Сенокос
Свети Атанасиј — главна и единствена селска црква во селото Сенокос.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото. ИсторијаСпоред натписот во нишата над влезот на северната страна, црквата била обновена на 12 јули 1874 година врз темелите на постара градба.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна и засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна украсена со седум слепи ниши.[2] Кон западната страна е доградена припрата и помошен објект со правец на протегање север-југ. Храмот има влез на северната страна над кој има ниша со натпис од кој се дознаваат податоци за црквата. Од десната страна на нишата е закачена мермерна плоча со основни податоци. Во црквата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште. Имено, кон надворешната страна на храмот е вѕидана надгробна плоча од мермер со грчки натпис. Во внатрешноста се чува мермерна плоча во облик на медалјон со релјефна претстава на три бисти, а во припратата има две стебла од столбови и дел од архитравна греда од мермер.[3] Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен и на јужната страна се наоѓа влезот на камбанаријата, а горниот дел е изграден од тули и на секоја негова страна има по една монофора. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia