Црква „Св. Атанасиј“ - Сливје
Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Сливје.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба. На јужната страна има прозорец и уште една ниша со оштетена оштетена фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се издига непосредно од десната страна пред влезот на црквата. Во нејзиниот горен дел, отворена е од сите страни. Изградена е од бетонски тули и е покриена со низок пирамидален лимен кров. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia