Црква „Св. Атанасиј“ - Сулдурци
Свети Атансиј — црква која се наоѓа во селото Сулдурци, во близината на Радовиш. Сместена е на врвот на ридот веднаш над последните куќи од селото, самите мештани ја нарекуваат манастирче. Според натписот на ѕидот веднаш десно влезната врата црквата е изградена во 1841 година. Таа претставува стариот црковен храм на Сулдурци, кое во минатото се наоѓало погоре во неговата близина, заради што и денес тоа како селска слава го задржало празнувањето на нејзиниот светец-патрон Свети Атанасиј, иако во самото село има новоизградена поголема црква посветена на Свети Илија. Во моментот на црквата се изведуваат градежни зафати за нејзина обнова, при што се поставени нови армирани бетонски столбови и покрив. Секоја година на 15 мај се одржува селската слава „Св. Атанасиј - летен“ која се прославува со црковно-народен собор околу манастирчето за што се изградени покриена трпезарија и помошни обејтки. Галерија
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia