Црква „Св. Илија“ - Сулдурци
Свети Илија — главна селска црква во селото Сулдурци.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во непосредна близина на сретселото. ИсторијаЦрквата била осветена на 14 ноември 2010 година со света божествена литургија со која чиноначалствувал Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има полукружна ниша со фреска на којашто е насликан Свети Илија. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, трпезарија, бунар и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна железна конструкција покриена со пирамидален кров. Сместена е нпосредно од десната страна од влезот во дворот на црквата. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia