Црква „Св. Атанасиј“ - Тумба
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Тумба, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е изградена во 1802 г.[1] или во 1805 - 1806 г.[2] Храмот претставува трикорабна базилика со димензии 15,5 × 10 м[3] и трем од западната и јужната страна. Галеријата и припратата кои се наоѓале на запад денес не се зачувани. Карактеристична е полукржната апсида која ја опфаќа целата висина на храмот, сè до покривот.[4] Внатрешноста на црквата е зачувана во првобитна состојба. Живописана е во 1864 г.[1] од истакнатиот тресонечки мајстор Дичо Зограф.[5] Владичкиот престол, амвонот, нишата на жртвеникот се насликани со цвеќиња и вазни. На иконостасот се претставени сцени од Старииот завет со Адам и Ева. Иконите се изработени во 1805 - 1806 г. Нишите на жртвеникот, како и фронтоните над аркадите во наосот се насликани со сцени од житието на Исус Христос.[4] Во храмот има икони од зографот Христо Сакелариев од Петрово, Ениџевардарско.[6] Во црквата има реликвии и икони донесени во 1920-тите од грчките доселеници од Источна Тракија.[1] Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3][4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia