Црква „Св. Атанасиј“ - Штрбово
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.[1] Се наоѓа источно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1930 година од кршен камен и вар, на место на поранешна црква. Во дворот на црквата постојат стари селски гробишта.[2] ПоложбаЦрквата е сместена на една доминантна височинка, источно од просторот на некогашната положба на старото село Штрбово. До црквата, денес може да се стигне преку асфалтен пат.[3] ГрадбаЦрквата претставува еднокорабна градба со мала полукружна апсида на источната страда и дограден затворен трем крај јужната фасада. Во рамките на црковниот двор се наоѓаат и новоизградени помошни простории, источно од црквата, како и камбанаријата на запад. Не се сочувани никакви пишани податоци за времето изградба на храмот, меѓутоа се претпоставува дека била изградена во 1930 година.[3] Црква била изградена од некојси Трпо.[2] ФрескоживописВо внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[3] ИконостасЦрквата има иконостас, кои се претпоставува дека потекнуваат од XIX век.[3] Иконостасот го направил мајстор Роман од Дебарско.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia