Црква „Св. Димитриј“ - Штрбово
Свети Димитриј — селска црква во селото Штрбово, Општина Ресен, Македонија.[1] Се наоѓа југоисточно од положбата на Штрбово (Горно Село). Била изградена во 1920 година од браќата Јоше, Иљо, Јосиф и Тодор Кирјаковски. Веднаш до неа е подигнат друг параклис во помали димензии од мештанката Гелејца Костовска.[2] ПоложбаЦрквата е сместена на една доминантна височинка, до која речиси по изохипса се стигнува од старото село по земјениот пат. Од местоположбата на црквата се пружа една од најубавите глетки на источниот брег на Големото Преспанско Езеро.[3] До црквата, денес може да се стигне преку асфалтниот пат кој води до соседната црква „Св. Атанасиј“, а подоцна преку земјен пат преминувајќи ја Штрбовска Река. ГрадбаЦрквата претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страда и влез од запад. Над западниот влез во црквата од надворешната страна во плитка ниша поставена е мермерна плоча со подолг врежан натпис. Од натписот се дознава дека е обновена во 1929 година со помош на прилозите од жителите на Штрбово.[3] Црква била изградена од браќата Јоше, Иљо, Јосиф и Тодор Кирјаковски.[2] ФрескоживописВо внатрешноста нема ѕидно сликарство.[3] ИконостасЦрквата има иконостас, но без икони со забележителни уметнички квалитети.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia