Црква „Св. Бессребреници“ - Ниси (Берско)
![]() Свети Бессребреници (грчки: Αγίων Αναργύρων) — црква во селото Ниси, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во XIX век нејзиниот манастир бил центаар на едно од двете архијерејски намесништва на Камбаниската епископија и како таков играл важна улога во административните, црковните и општествените проблеми во епархијата.[2][3] АрхитектураХрамот е трикорабна базилика, изградена во 1813 г. и претставува забележителен пример за духовната архитектура во Берско. Во 1969[4] и 1986 г. прогласен е за заштитен споменик на културата.[5] ИсторијаПрвите податоци за постоењето на манастирот се од архива на камбанискиот епископ Теофил Папафилис (1745 - 1795). Важен извор за историјата на храмаот, Камбаниската епископија и воопшто на Урумлакот е ктиторскиот натпис над горниот праг на јужната врата.[6] На него се вели дека манастирот е подигнат на 1 август 1813 г. за време на камбанискиот епископ Неофит (1806 - 1828) и игуменот Макариј, што укажува на присуството на монашката обител. „Подигањето“ (ανέγερση) на манастирската црква треба да се разбере како обнова или одржување на делови од постоечката црква, а не како изградба од нула. Можеби авторот на натписот од 1840-тите го прераскажал стариот уништен ктиторски натпис. На 1 април 1840 г. се обележани нови обновителни дејности во припратата на храмот за време на епископот Григориј Катрис (1828 - 1853). Епитроп на манастирот бил архимандритот Захариј, а игуменот не се споменува, што значи дека тој немал обител. На крајот на натписот се кажува дека обновата е направена со помошта на христијаните од тој крај, што може да означуа трета обнова по оние во 1813 и 1840 г., и при која е изработен натписот.[7] Очигледно манастирот е востановен во 1840 г. откако настрадал во Негушкото востание (1822), кога можеби се распаднала и обителта.[8] Натписот е со висок уметнички и калиграфски квалитет, и е дело на високообучен уметник.[9] Во храмот има икони на Кулакиската школа,[10] но според калиграфските особености натписот поверојатно е дело на Ѓорѓи Мануил и син му Мануил Георгиу од Селица,[11] веројатно поканети специјално за да го изработат него.[12] Во архивот на Солунската митрополија се чуваат османлиски нотарски актови на манастирот од 1845 г.[13] Веројатно при обновата на нартексот се изработени и исклучително впечатливите дрвени резбани тавани во црквата, меѓу малкуте преостанати од тоа време.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia