Црква „Св. Богородица“ - Елбасан
Света Богородица (албански: Kisha e Shën Mërisë) — источна православна црква и манастир во Елбасан, Албанија. Станала културен споменик на Албанија во 1963 година.[1] Градбата на црквата започнала во 1483 година во влашкото маало, но завршила речиси еден век подоцна: првата богослужба црквата ја имала дури во 1556 година. Изграден е целосно во камен на сосема специфичен начин, со камења издлабени во облик на крст, што може да се види и денес.[2] Црквата била фрескоживописана од Онуфри, а обновена од Давид Селеница. Во 18 век целосно изгорела во пожар, па повторно бил изграден во почетокот на 19 век.[2] Некои од најпознатите проповедници во црквата биле Фан Ноли и Висарион Џувани.[2] Во 1990-тите црквата станала седиште на поделениот дел на Православната автокефална црква на Албанија.[3] Во 2008 година албанската влада ја финансирала реконструкцијата на црквата.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia