Црква „Св. Богородица“ - Сенце
Света Богородица — главна селска црква во горнореканското село Сенце.[1] Црквата е сместена во источниот дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата во 2019 година била ограбена и притоа од нејзе биле одземени неколку икони, сребрен крст и пари.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има четириаголна основа со осумаголна апсида во задниот дел. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Главната влезна врата се наоѓа на северната страна и над неа има ниша со слика на Богородица со Исус изработена на мермер, додека на западната страна има споредна врата. Апсидата на црквата е украсена со по една ланцетна вдлабнатина на секоја од страните. Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и гробни споменици. Камбанаријата е со примитивен изглед и се состои од метални столбови кои образуваат квадратна основа со лимен кров. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia