Црква „Св. Богородица“ - Фариш
Света Богородица — главна селска црква во тиквешкото Фариш, Македонија.[1] МестоположбаСместена е во западниот дел од селото, на стрмна падина на левиот брег на Фаришка Река.[2] Во дворот на црквата бил погребан македонскиот револуционер Пере Тошев, кој бил убиен на 4 мај 1912 во Дреновската Клисура, на пат од Градско кон Прилеп. Во 1994 година, неговите коски биле однесени црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп. ИсторијаСпоред натписи во самата црква, истата потекнува најмалку од 1873 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува еднокорабен храм со апсида украсена со слепи ниши на источната страна. Западниот ѕид на црквата е насликан од надворешната страна, каде што се наоѓа влезот во храмот, а до него е доградена припрата. Внатрешноста на црквата е богато зографисана, така што целосно се насликани ѕидовите во наосот и олтарот, а украсени се и столбовите, капиителите и прозорците. Иконостасот е со ретки димензии и е целосно украсен со икони, така што оние во основниот ред се поголеми од оние во двата повисоки реда. Во горниот дел од иконостасот има крст со Христовото распетие.[2] Камбанаријата е сместена во близина на југоисточниот агол на црквата. Таа се состои од два дела, од кои долниот има квадратна, а горниот осумаголна основа. ЖивописОд неколку натписи на иконите и фрескоживописот на повисокиот дел од ѕидовите се забележливи најмалку две имиња на мајстори од Дебарската школа. Првото име е она на Никола Крстев од Лазарополе кое се споменува на левиот влез во олтарот, во долниот дел од вратничката на царските двери од иконостасот каде што е насликан Архангел Михаил, а како година на неговиот престој се наведува 1880.
Второто име се споменува на помал натпис од повисоките делови на живописот во црквата, во северниот дел близу до сводот, на циклус со две фрески – првата е „Христос ги буди апостолите од сон“, а втората „Молитва Христова“. Во левиот агол од овој циклус стои натписот:
Натписи се среќаваат и на други места од живописот, така што можно е да има и потпис од некои други зографи. Голем е бројот на натписи на жители од селото кои помагале во уредувањето на црквата.[2] Фрескописот на западниот ѕид од надворешната страна е во лоша состојба и на него може да се забележат само неколку избледени фрески меѓу кои е и „Страшниот суд“. Во лоша состојба се и фреските во внатрешноста на црквата, а меѓу сликите кои се зачувани во добра состојба се издвојвуаат „Раѓањето Христово“, „Сретението Христово“, „Враќањето на Лазар од мртвите“, „Свето прееображение“, „Ангел да му се јави на Захарија во олтарот“, „Вознесение Христово“, „Христос ги буди апостолите од сон“, „Молитвата Христова“, „Цветоносната недела“ и „Тајната вечера“. Особено избледнети се фреските насликани во пониските делови на јужниот и северниот ѕид. Таванот исто така е во лоша состојба, а на него е претставена ѕвезденото небо со вообичаените мотиви на Христос Седржител и Богородица Ширшаја. Сводот е во полуразрушена состојба и голем дел од неговиот фрескопис е уништен.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia