Црква „Св. Варвара“ - Драгош

Света Варвара

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°52′58.1″N 21°21′21″E / 40.882806°N 21.35583°E / 40.882806; 21.35583
Место Драгош
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Варвара
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Света Варвара — поствизантиска селска црква во битолското село Драгош, Македонија.[1]

Местоположба

Малата црква се наоѓа во самото село Драгош,[2] сместена на самиот влез во селото, лево од асфалтниот пат.[3][4]

Историја

За овој храм, мештаните велат дека е „многу стар“,[2] но точната година не може да се одреди.[3]

Архитектура

Црквата е мал еднокорабен храм, изграден во поствизантиско време. До крајот на XX век на источната фасада, во триаголниот простор над апсидалната конха, сочувани се остатоци од композицијата „Вознесение на Свети Илија“. Во текот на реновирањето, сите елементи од кои би можело поточно да се одреди од кога датира оваа црквичка, биле уништени од месното население.[3]

Иконостас и икони

На крајот на XX век неколку икони од црквата се пренесени во битолската катедрала „Св. Димитриј“. Во Музејот на Македонија во Скопје се наоѓа иконата „Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат“, која датира од крајот на XV или почетокот на XVI век.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 201. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 146.
  4. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-09.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya