Црква „Св. Василиј“ - Бер
Свети Василиј (грчки: Άγιος Βασίλειος) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата „Големи Свети Бессребреници“.[2] Изградбата има две фаз. Првата е жртвеникот и не се знае кога е подигната; остатокот од храмот е од XVIII век.[3] Нема зачуван живопис.[1] Градбата претставува правоаголна двокорабна базилика со четириводен дрвен покрив и женска црква на запад. Влезот од југ води во наосот. До женската црква се стасувало по полуотворено дрвено скалиште до влезот од јужната страна, но подоцна е уништено. Двата кораба во внатрешноста се поделени со една колонада од дрвени столбови.[4] Нема зачувани фрески, а иконостасот е обичен.[3]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia