Црква „Св. Василиј“ - Солун
Свети Василиј (грчки: Αγίου Βασιλείου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот се наоѓа во населбата Нова Швајцарија (Неја Елветија). Камен-темелникот е поставен на 16 ноември 2008 г., а црквата е отворена на 8 мај 2011 г. од митрополитот Антим Солунски.[2] Парохијата е основана со претседателски указ на 23 февруари 2012 г.[3] Црквата е помала од останатите нови парохиски цркви на Солунската епархија бидејќи не била во урбанистичкиот план и властане дозволувала изградба на поголем храм. Парцелата била во сопственост на храмот „Св. Илија“, која ѝ ја подарила на митрополијата. Со изградбата раководел Лазарос Бљамбас.[2] Во заедниот дел на дворот е параклисот „Пресв. Богородица Вратарница“, кој првично бил отпочнат како главен храм, но запрен од судот поради немање дозвола.[3] Иконостасните икони се дело на монахињите од манастирот „Успение на пресв. Богородица“ во Арсакли. Во храмот има голема икона на Богородица Вратарница, како и мошти од Свети Василиј.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia