Црква „Св. Димитриј“ - Брусник
Свети Димитриј (позната и како Св. Димитрија Солунски) — главна селска црква во битолското село Брусник, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата е гробиштен храм, изграден на доминантно возвишение на југозападниот крај на селото, со глетка кон Пелагонија. ИсторијаИзградена е врз темелите на средновековна црква со некропола.[2] Храмот е од првата половина на XIX век,[3] но силно настрадал за време на Првата светска војна. Обвновен е во периодот од 1922 до 1926 година.[4] АрхитектураГрадбата е сместена во заграден двор со црковна порта. Веднаш по портата е камбанаријата. Храмот е трикорабен, со петстрана апсида на исток и тремови од северната и западната страна. Главните влезови се од север — еден за наосот и еден за нартексот. Внатрешноста на наосот е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Над средишниот кораб има полукружен свод, а таваните на страничните се рамни со дрвени даски. Нартексот е со три скалила над нивото на наосот.[4][5] ФрескоживописИкони и иконостасПри обновата на црквата (1922-1926) се изработени и сегашните икони и иконостас.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia