Црква „Св. Димитриј“ - Будимирци
Свети Димитриј – манастирска црква на Трновскиот манастир, Македонија. ИсторијаЦрквата била изградена во 1860 година, но била разрушена во 1918 година, па била обновена во 2000 година.[1] Во внатрешноста на црквата се наоѓа фотографија на Стојанка Ајдерова, која била иницијатор за изградба на црквата. АрхитектураГрадбата на црквата е мала еднокорабна со четириаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна, а непосредно над влезната врата има вдлабнат крст.[2] Над крстот има ниша во којашто се наоѓаат две помали икони во лоша состојба, од кои на едната е насликан Свети Димитриј како јава коњ, а на другата е прикажана Богородица со Исус. Црквата е еднокорабна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но изобилува со бројни икони и слики закачени по ѕидовите. Иконостасот содржи два реда со икони над ѓаконовите порти и царските двери. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел има нешто поголема основа и на неговата јужна страна е сместен влезот. Горниот дел е подолг и во висина на ѕвоното има по една отворена монофора на секоја страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia