Црква „Св. Никола“ - Будимирци
Свети Никола – главна селска црква во селото Будимирци. МестоположбаЦрквата се наоѓа во крајниот источен дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1878, повторно била изградена во 1930, а била обновена во 1952, 1990 и 2003 година. Во текот на Првата светска војна храмот бил срушен до темел, а камењата биле земени на фронотот за изградба на бункери. Голем дел од вредните работи во црквата биле земени од страна на бугарската војна и биле однесени во Бугарија. Во 2003 година, храмот бил обновен од страна на жителите на селото, внатрешноста повторно била зографисана и снабдена со икони и дарови од верниците.[1] Според некои проучувачи, црквата била изградена на местото на постара црква којашто била посветена на Света Петка.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. На јужната и западната страна на црквата е дограден отворен трем. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а храмот има и спореден влез на јужната страна. Над секој од обата влеза има голема ниша со фреска којашто е видно оштетена. Храмот е изграден од делкан камен и варов малтер и е обоен во бела боја.[2] Внатрешноста на црквата била зографисана во приближно ист период кога биле изработени иконостасот и иконите. На една од иконите е наведена годината 1885, како и иницијалите Д. А. З. на зографот Димитрие Андонов Зограф со потекло од селото Магарево. Фрескоживописот во црквата е зачуван е во својата првобитна состојба од 1888 година. Потписите на фреските се испишани на словенски јазик. Поради просторноста на црквата, распоредот на живописот е изведен на класичен начин, што е карактеристично за XIX век.[2] Дворот на црквата е ограден со камена ограда над којашто се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и нејзините ѕидови исто така се изградени од камен, а во горниот дел во висина на ѕвоното има конструкција од дрвени греди којашто е покриена од лимен кров. Во дворот на црквата има помошен објект којшто е изграден од камен, а во непосредна близина на дворот на црквата од надворешната страна се сместени селските гробишта. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia