Црква „Св. Димитриј“ - Горно Броди
Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου Άνω Βροντού) — црква во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е парохиски храм. Црквата е изградена во 1835 г. според мермерната плоча, на која се споменати и дарителите Јован, Атанас и Васил. Градбата претставува трикорабна базилика без купола. Има убав резбан иконостас, кој според Димитар Ќорнаков е дело на Макариј Фрчковски.[2] Иконостасот е реставриран во 2008 г.[1] Васил К’нчов го посетил Горно Броди во 1891 г. и го забележал мермерниот под и квалитетот на резбата во црквата.[3] Во истата 1891 г. Георги Стрезов напишал дека во обете селски цркви („Св. Димитриј“ и „Св. Богородица“) се служело и на словенски и на грчки.[4] Во 1894 г. Бугарската егзархија ја добила црквата „Св. Димитриј“, а „Пресв. Богородица“ останала под Цариградската патријаршија сè до нејзиното целосно отфрлање во селото.[5] Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Варвара“, „Св. Никола“, „Пресв. Богородица Живоносен Извор“ и „Св. Дух“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia