Црква „Св. Димитриј“ - Груништа

Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Старавинска
Местоположба

Карта

Координати 41°03′20.7″N 21°41′42.3″E / 41.055750°N 21.695083°E / 41.055750; 21.695083
Место Груништа
Општина Новаци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитрија Солунски
Завршено 1860
1926 (обновена)
Архитектонски опис

Свети Димитриј – главна селска црква во селото Груништа.

Местоположба

Црквата се наоѓа на неколку стотина метри северно од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја

Црквата била изградена во 1860, а била обновена во 1926 година. Познато е дека месното население на неколку наврати претходно се обидувало да ја изгради, но отоманските власти ја попречувале изградбата.[1]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има квадратна ниша со фреска на Свети Димитриј во лоша состојба. Објектот е граден од варовник и во целост е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и е изградена од камен. Во горниот дел од селските гробишта има над 50 гробови на српски војници кои загинале во текот на Првата светска војна, а низ селото исто така има уште десетина српски гробови со надгробни споменици. Во гробиштата е погребан и бугарскиот генерал Климент Џеров.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Груништа Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya