Груништа
Груништа (поретко: Груниште) — раселено село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола. Потекло и значење на иметоИмето на селото потекнува од неговиот прв жител, кој се нарекувал Груно.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Новаци.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Лежи непосредно до локален земјен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1311. Од градот Битола е оддалечено 52 километри,[3] додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 44 километри.[2] Селото никогаш не било поврзано со електрична енергија.[4] Историја![]() Според кажувања на постарите, селото било основано во 1545 година, кога наводно прв се населил бочварот Грујо од селото Грумази.[5] Селото било силно погодено за време на Првата светска војна, поради близината на Солунскиот фронт. Во негова близина се одвивала познатата битка за Грунишки Вис.[2] СтопанствоАтарот има средна големина и зафаќа простор од 18,2 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.229,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 352,6 хектари, а на шумите отпаѓаат 190,2 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3] Населението се занимавало со сточарство, лов, риболов, пчеларство, грнчарство и трговија. Најмногу одгледувале овци и кози, а мештаните биле особено познати по своето мариовско тепано сирење.[2] Население
Демографски статистики за селото Груништа во османлискиот период:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Груништа живееле 240 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Груништа имало 240 Македонци, патријаршисти.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Груништа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 34 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9] Селото е мало, како што се и повеќето мариовски села, со тенденција на раселување. Во 1961 година селото броело 225 жители, додека во 1994 година бројот се намалил само на три жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Груништа живееле 3 жители, сите Македонци.[10] Во 2008 година, според неофицијални податоци, селото било раселено.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
ИселеништвоНајголем дел од населението е иселено во градот Битола, како и во прекуокеанските земји.[2] Самоуправа и политикаВо XIX век, Груништа било село во Мариовската нахија, во Прилепската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Старавина. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Мариово. Во периодот 1950-1955, селото било дел на тогашната Општина Старавина, во која покрај селото Будимирци, се наоѓале и селата Градешница, Груништа, Зовиќ и Старавина. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0177 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината во селото Будимирци.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 16 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia