Црква „Св. Димитриј“ - Добровени
Свети Димитриј – главна селска црква во селото Добровени.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа на влезот од селото, на десната страна од патот којшто води од селото Бач, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата е изградена во 1886 година. Во Првата светска војна била разрушена до темел, по што била обновена на старите темели во 1927 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажан Свети Димитрија Солунски. Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над оградата во нејзиниот североисточен агол. Градена е од камен и е отоврена во нејзиниот горен дел во висина на ѕвоното. Покриена е со лимен кров. Српски воени гробиштаВеднаш до селските гробишта во дворот на црквата се сместени и српски воени гробишта. Имено, за време на Првата светска војна, во селото Добровени имало воена болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, гробовите биле префрлени на нивното денешно место и на тој начин настанале гробиштата.[2] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia