Српски воени гробишта (Добровени)

Српски воени гробишта во Добровени
Српските воени гробишта во 2021 година
Податоци
МестоДобровени
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати40°56′53.4″N 21°35′53.5″E / 40.948167°N 21.598194°E / 40.948167; 21.598194

Српски воени гробишта во Добровени — воени гробишта во селото Добровени на коишто се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.

Местоположба

Воените гробишта се наоѓаат во склоп на селските гробишта во дворот на црквата „Св. Димитриј“.[1]

Историја

Во текот на Првата светска војна, во селото Добровени постоела болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, поголем дел од гробовите биле префрлени на денешното место и на тој начин биле создадени воените гробишта.[1]

Споменик на загинати поштари

Во склоп на гробиштата има споменик кој по свотојот изглед се разликува од останатите, но неговиот текст не е читлив поради оштетувањето низ годините. За време на Првата светска војна, во Добровени постоела воена пошта на српската војска. На 29 ноември 1916 година, скоро сите вработени во поштата загинале при нејзино бомбардирање од страна на германските воздухопловни сили. По завршувањето на војната, од страна на нивните пријатели поштари бил подигнат споменик со српскиот натпис:

Овај им споменик подигоше другови.

Денес, споменикот е преместен од првичното место и се наоѓа на воените гробишта.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Добровени Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya