Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица
Свети Димитриј — главна селска црква во демиркапиското село Драчевица.[1][2] Црквата се наоѓа јужно од селото, под возвишението Зајчар, кое преовладува во околината. МестоположбаЦрквата се наоѓа под возвишението Зајчар,[3] кое е сместено јужно од селото.[2] ИсторијаЦрквата била подигната во 1858 година,[4] што е испишано на лакот од северниот влез во црквата.[2] Била подигнато на старо вакавиште, каде биле ископани неколку грчки надгробни плочи.[3] АрхитектураСпоред својот архитектонски облик црквата е трикорабна со главен влез на северната страна.[2] Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.[2] ФрескоживописЦрквата била зографисана кон крајот на XIX век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата, кој гласи „Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар“.[2] ИконостасИконостасот го исполнуваат мноштво икони изработени во периодот од 1863 до 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia