Општина Демир Капија
![]() ![]() Општина Демир Капија — општина во југоисточна Централна Македонија со седиште во градот Демир Капија. ГеографијаИсторијаАрхеолошките испитувања досега немаат откриено кој би го потврдил името на античката населба која се наоѓа во Демир Капија. Единственото расположливо име кое го имаме е Стене, кое на коинê јазикот значи „Теснец“, "Тесница", "Теснина" или „Клисура“. Другата можна етимологија на името е дека името е поврзано со зборот "σθένος" (стхенос / стенос), кој е исто така од коинê јазикот и значи "јачина", "сила", "моќ". Овој збор има сродност со тракискиот збор "стене", чие значење е "јак(а)" или "силен" / "силна", при што укажува дека можеби и тракискиот "стене" има врска со името на градот Стене. Словенското име кое се задржало до средниот век е Просек, а подоцна турскиот назив Демир Капи, во превод Железна Врата. Според досегашните наоди со сигурност може да се тврди дека на просторот пред тунелот, нешто јужно од денешна Демир Капија постоела една пајонска населба. Откриени се тврдини на брегот покрај клисурата како и гробна некропола кои се карактеристични за сите илирски и пајонски племиња во Македонија. Во средниот век крај денешна Демир Капија се споменува утврдениот град Просек - Теснина, кој се наоѓал на левата страна на Вардар. Самиот град имал голема улога на стратешко место поради што кон крајот на IX век Бугарите ја преземале оваа територија од Византија. Подоцна овој простор потпаѓа под власта на Цар Самуил а потоа повторно под Византија. Некогашната градска населба е утврдена со ѕидини, а од јужната страна е природно заштитена.Во римскиот дел на градот се откриени остатоци од канализација, керамика, стакло и др. На овој простор подоцна е подигната црква која најверојатно датира од IX - X век. Во времето кога македонските Словени го примале христијанството. Судејќи според пронајдените гробови и гробните наоди црквата била во употреба сè до XV век кога била урната и напуштена. Демир Капија како видно стратешко место претставувала седиште на многу култури и нации кои оставиле зад себе белег кој денес ни помага да откриеме нешто повеќе за нив а со тоа да го збогатиме нашето културолошко знаење СтопанствоДемографијаСпоред проценка од 2016, општина Демир Капија има 4.039 жители.[2] Според пописот од 2002 година општината има 4.545
Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Демир Капија е Лазар Петров од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Демир Капија е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 5 места ВМРО-ДПМНЕ: 4 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia