Црква „Св. Димитриј“ - Нигослав
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Нигослав, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.[1] Црквата се наоѓа во центарот на селото и претставува забележителен пример за духовната архитектура од крајот на XIX и почетокот на XX век.[2] Изградена е во 1835 г. Во 1904 г. претрпела значајни штети во пожар.[1] Храмот е трикорабна базилика со женска црква во западниот дел и кос покрив со дрвен таван. Има дрвен иконостас, дело на месни мајстори. Иконите се интересни.[2] Живописан е на крајот на XX век.[1] Во 1987 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2] Во парохијата влегуваат и параклисите „Св. Четириесет маченици“ и „Успение на пресв. Богородица“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia