Црква „Св. Димитриј“ - Смиланци
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Смиланци.[1] МестоположбаЦрквата е сместена во јужниот дел од селото, на десната страна од Смиланска Река. ИсторијаНема точни податоци за тоа кога црквата започнала да се гради, кога била изградена, како и кога и од кој архијереј била осветена. Сепак, се претпоставува дека изградбата и осветувањето биле по 1920 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Во средишниот дел на апсидата има ниша во којашто е впишан крст. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има крст и празна ниша, а црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров. Автор на иконите во црквата е познатиот зограф Гаврил Атанасов, а тие се сметаат за едни од неговите најдобри дела.[3] Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, трпезарија, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна дрвена конструкција во облик на пресечен конус којашто е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia