Смиланци
Смиланци — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 39 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во Радовишкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужната падина на планината Плачковица.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 20 километри.[4] Смиланци е сместено во подножјето на планината Плачковица, а низ селото тече Смиланска Река. Селото е поврзано со селото Подареш со регионалниот пат 1310, кој води низ долината на Плаваја. Патот не е довршен и само делумно е асфалтиран. Смиланци поседува зачувани куќи со традиционална архитектура. ИсторијаСпоред археолошкото наоѓалиште Преслап во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5] Разловечко востаниеОткако четата на Димитар Беровски ги победила Турците во Лаки тие се упатиле кон селото Смиланци, каде претходно било складирано оружје. Меѓутоа, во Смиланци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, така што и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех. На 29 мај, турскиот аскер, засилен со башибозук од околу 1.000 души, тргнале во противофанзива против 300 востаници. Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Сер, Солун, Скопје и други места. Поп Стојан се самоубил, а околу 30 востаници од разловечката чета, на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски, успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските Планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна. СтопанствоАтарот на селото е голем и зафаќа простор од 20 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 3.631 хектар, на пасиштата отпаѓаат 901 хектар, а на обработливото земјиште 454 хектари.[4] Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[4] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смиланци живееле 250 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиланци имало 344 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8] Селото не е големо и е населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 384, а во 1994 година 71 жител.[4] Намалувањето се случува како последица на миграцијата село-град. Според пописот од 2002 година, во селото Смиланци живееле 39 жители, сите Македонци.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 9 Македонци и 2 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСмиланци е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаВо XIX век, Смиланци било село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото село дел од некогашната Општина Подареш. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Смиланци, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Смиланци, во која влегувале селата Ново Село, Смиланци и Шаинташ. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia