Црква „Св. Илија“ - Браилово
Свети Илија – манастирска црква на Браиловскиот манастир.[1] ИсторијаЦрквата била изградена на почетокот на XX век на местото на истоименото археолошко наоѓалиште. Нејзината изградба е поттикната од мештаните на чело со Јован Павлоски. Осветена е на 12 октомври 1975 година од страна на пелагонискиот епископ Ангелариј по налог на Митрополит Преспанско-битолски г. Климент.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над влезната врата има црно-бела слика на Свети Илија, а над сликата има ниша со фреска на која е прикажан патрониот светец. Камбанаријата на црквата се издига во средишниот дел од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по еден отвор. Влезот на камбанаријата е сместен на источната страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia