Црква „Св. Илија“ - Братиништа
Свети Илија (грчки: Ναός Προφήτη Ηλία) — поранешна црква во селото Боштани, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е сместена на околу 500 м од селото.[1] Градбата претставува еднокорабен храм со двоводен дрвен покрив. Направена е од проста ѕидарија, изработена од месен камен. Апсидата има тесен отвор за проветрување. Внатрешноста е украсена со живопис, кој според натписот датира од 1734 г. Иконостасот е обичен, а подот е покриен со мермерни плочи.[1] Црквата претрпела интервенции низ годините; покривот и ѕидовите се сменети во непознат период.[2] Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3] Кон крајот на XX век храмот бил во многу лоша состојба.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia