Црква „Св. Илија“ - Вешје
Свети Илија — главна селска црква во неготинското село Вешје, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа надвор од самото село, со срушен покрив и целосно во разрушена состојба.[3] Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата се наоѓа на височинка над селото, до која се пристапува по земјен пат од самото село. ИсторијаНема податоци кога точно е подигната црквата, но се претпоставува дека е во втората половина на XIX век.[2] АрхитектураЦрквата претставува трикорабна градба. Има отворени тремови на јужната и западната страна, а од истите тремови има и влезови за во црквата.[2] ФрескоживописЦрквата е целосно фрескоживописана.[2] ИконостасНа парапетната табла од иконостасот има запис на кој пишува „Из руки Глигур Петревич зог/раф/дебрели се/ло/Тресанче 1878“. Овој запис веројатно се однесува на авторството на иконите на иконостасот, а исто така и на фреските во црквата.[2] Според други извори, иконите потекнуваат од 1879 година насликани од Петре Пачаров, ученик на Дичо Зограф.[4] Иконите од црквата се водат како културно наследство според Националниот конзерваторски центар. По разрушувањето на црквата, иконите биле чувани во старото училиште во селото, а во 2019 година биле преземени од страна на Музејот на град Неготино.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia