Името на селото се врзува со некогашното село Вештина над Пепелиште, од каде потекнува голем дел од населението на селото.[2]
Географија и местоположба
Влез во селото
Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Неготино, чиј атар се допира со областа Витачево, односно подрачјето на Општина Кавадарци.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 480 метри, а од градот Неготино е оддалечено 25 километри.[3]
Селото се наоѓа на левата, присојна, страна на долината на реката Пештера, која е кањонски всечена во неогенската плоча на котлината. Земјиштето е песковито и глинесто. Во селото има бројни чешми (Селска, Шопка и Блага) и неколку бунари. Чешми се наоѓаат и надвор од селото, како што се: Драгомирица, Неделковица, Ракетска, Бела, Дедов Дол, Прибошовец, Шоша, Чешмичка, Врбница, Лисник, Беличин Дол и Сврачка.[2]
Селото има збиен тип со издолжен облик. Во минатото, христијански маала биле Хањовско или Горно и Димовско или Долно Маало, додека муслиманските маала биле под нив и се нарекувале Шоповско или Горно, Аличевско, Карпузовско или Средно и Зеќировско или Долно Маало.[2]
Историја
Во атарот на денешното село Вешје, најпрвин се наоѓало чистото христијанско село Ракето (или Ракито). Денес, на оваа месност се наоѓа црквата „Св. Димитриј“. Се говори дека селото Ракето некогаш имало триста куќи, а пропаднало околу 1890 година, кога во него уште се наоѓале 12 куќи.[2]
Муслиманските родови дошле кон крајот на XVIII век бегајќи од некогашното село Вештина над Пепелиште од Арнаутите од Скопско. Муслиманите се населиле на атарот на христијанското село Ракето, основајќи ги маалата Аличевско и Зеќировско, помеѓу кои се наоѓала селската џамија. Подоцна, дошле уште муслимански родови од Вештина, меѓу кои Шоповци, кои ги основале Карпузовско и Шоповско Маало. После нив се населиле и христијанските родови од Ракето и ги основале маалата Хањовско и Димовско Маало над муслиманските маала.[2]
Стопанство
Поглед на селото
Атарот има средна големина и зафаќа простор од 18,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 792,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 659,3 хектари, а на шумите само 17,6 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Селаните се занимавале со земјоделство. Во отоманскиот период, муслиманите и старите христијански родови поседувале своја земја, додека останатите работеле кај агите. Обработливи површини има околу селото, како и на падините на Витачево.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Од селото се иселил значителен број од населението. Така, во 1961 година селото броело 434 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 68 жители, од кои 66 биле Македонци, а двајца жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Вешје имало 45 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 24 Македонци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Карпузовци (6 к.), Субашовци (8 к.), Спајиовци (5 к.), Учевци (2 к.) и Садразамовци (1 к.), доселени се од раселеното село Вештина; Шоповци (11 к.), доселени се од Штипско, кон крајот на XVIII век; Мегленчевци (1 к.), доселени се од селото Наќ во Меглен; Ајгаровци (1 к.), доселени се од селото Марена; Пашовци (1 к.), доселени се од селото Тремник; Бакаловци (1 к.), доселени се од селото Бесвица; Ленковци (4 к.), доселени се од селото Долни Дисан; Хајрушовци (1 к.), и тие се од Долни Дисан; Мемишовци (1 к.), и тие се од Долни Дисан; Ушеловци (1 к.), доселени од Прждево и Мендовци (1 к.), доселени од Бохула.
Македонски христијани:
Доселеници:Димовци (9 к.), Деловци (8 к.), Шиковци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Мркевци (1 к.) и Петревци (1 к.), доселени се од раселеното село близу Вешје, а тоа е Ракета; Ѓурчијовци (2 к.), доселени се однекаде; Хањовци (1 к.), доселени се од селото Бистренци; Кузмановци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Тасевци (1 к.), доселени се од селото Прждево; Кришковци (1 к.), доселени се од селото Долни Дисан; Струковци (1 к.), и тие се од Долни Дисан; Ќимковци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан, а подалечно потекло од Долни Дисан; Ристовци (1 к.), доселени се од селото Зборско во Меглен, во 1916 година и Голчевци (1 к.), доселени се од селото Барово, во Барово се доселиле од селото Чемерско, а во Чемерско од селото Бохула.
Иселеништво
Муслиманското население во селото се задржало до 1950-тите години, кога целосно се иселило од селото. На пописот од 1953 година, тоа население се изјаснило како Турци (броејќи 534 жители).
Општествени установи
Поранешното основно училиште во селото
Поранешно основно училиште, чија градба била обновена и претворена во образовен и туристички Апи центар за развој на пчеларството.[13]
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Долни Дисан, во која покрај селото Вешје, се наоѓале и селата Горни Дисан, Долни Дисан, Прждево и Тремник. Во периодот 1950-1952, селото било дел исто така од општината Долни Дисан, во која се наоѓале селата Вешје, Горни Дисан и Долни Дисан.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1229 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 октомври 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.