Црква „Св. Илија“ - Долгаец
Свети Илија – главна и единствена селска црква во селото Долгаец.[1] Сместена е во крајниот северозападен дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува до соседното село Маргари. ИсторијаЦрквата била изградена во 1451 година, а била живописана во 1454/1455 година. Објектот претставува прв целосно изграден христијански храм во прилепско-битолскиот крај од периодот под отоманска власт. Во 1999 година биле спроведени мерки за заштита на живописот.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со мала многуаголна апсида на источната страна. Кон западната страна е дограден помошен објект во којшто е сместена трпезаријата и до кој води влезна врата сместена на источната страна, додека влезот на црквата се наоѓа на западната страна. Над влезот од црквата има ниша со фреска на Свети Никола. Ниша со фреска на Богородица со Исус во лоша состојба има и на јужниот ѕид од храмот. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, но фрескописот е со слаб уметнички квалитет.[2] Дворот на црквата е ограден со метална ограда. Во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се издига од десната страна непосредно по влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Изградена е од бетонски тули и во целост е обоена во бела боја. Галерија
Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia