Црква „Св. Илија“ - Коњско
Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Коњскарскиот манастир во селото Коњско, Македонија.[1] Црквата со својата местоположба кај заливот Лиса пружа прекрасен поглед на Преспанското Езеро.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа на околу 2 километри северозападно од селото, изградена на карпа на самиот брег на Преспанското Езеро.[3] Црквата се наоѓа околу 2 километри од селото Коњско и околу 6 километри од селото Стење. До нејзе може да се стигне преку возило преку макадамски пат, како и пеш преку стрмна тесна патека. И двете се издвојуваат од локалниот пат помеѓу двете села.[2] ИсторијаЦрквата била подигната во 1922 година на стари темели, што се забележува и од натписот во нишата над влезот, каде стои 10 мај 1922 година. Во нејзина непосредна близина постојат остатоци од градби кои упатуваат на претпоставката дека во минатото тука се наоѓал манастир.[3] Претходната градба на црквата се верува дека потекнува од 1870 година.[2] Денес, манастирот е обновен. АрхитектураФрескоживописЦрквата не поседува фрескоживопис. ИконостасВо внатрешноста на црквата има иконостас. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia