Стење
Стење — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено на брегот на Големото Преспанско Езеро. Потекло на иметоВо врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е топографски примарно, рамно на апелативот „стена“ во колектив.[2] И самите стенчани сметаат дека нивното село името го добило по „стените“, кои го надвиснувале на неговата првобитна местоположба. Географија и местоположба![]() ![]() Стење се наоѓа на самиот брег на заливот Лиса на Големото Преспанско Езеро, вгнездено во источното подножје на планината Галичица. Се наоѓа на надморска височина од 855 метри, од левата страна на патот Битола-Корча, во непосредна близина на самата граница со Албанија.[2] Во близина на селото се наоѓа и истоимениот граничен премин. Селото не се наоѓало секогаш на денешната местоположба. Се претпоставува дека претходно се наоѓало во месноста Св. Атанас (зад стените) на околу 1,5 километар јужно од денешната местоположба на селото. Не се знае годината кога се случила преселбата, додека како причина се наведува поплавувањето од надојдените води на езерото.[2] Стење се граничи со следниве села: со историското село Отешево на север, со водите на Преспанското Езеро на североисток и исток, со Коњско и територијата на Албанија на југ, во тој склоп се граничи со селата Туминец и Горна Горица и со селото Лескоец на запад.[2] Атарот на селото Стење зафаќа површина од 1743 хектари (околу 17,5 км2), во кој влегува рамничарско и ридско-планинско земјиште, на кое се присутни повеќе видови на дрвја, а на повисоките делови се наоѓаат и пасишта, особено на месностите: Таван, Слива, Теснион Камен и Нова Галичица. Од вкупната површина на атарот, 250,6 хектари се обработливо земјиште, 17,6 хектари пасишта и 1410,7 хектари шума.[2] Од градот Ресен е оддалечено 23 километри, од каде се стигнува преку асфалтен пат. Селото доживува туристички развој во последните години, а во самото село од неодамна е отворена и плажа. Стење е село од собран тип, со околу 130 домаќинства и преку 260 обновени или новоизградени куќи, од кои околу 100 викендици, речиси сите на приземје и кат. На куќите преовладуваат белите фасади, кои му даваат белег на туристичка населба.[2] ТопонимијаОва е список на позначајните топоними во атарот на Стење:[2] Позначајни топоними во атарот на Стење, по азбучен редослед[2]
Б — Бела Неда, Белица, Благичка, Блачки Дол, Бојко Јама, Бочка, Брестинана, Буникарки, Бурана ИсторијаСтење е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Под различни облици на денешното име (Стение, Стјење, Стен, Стене и Стење) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.[2] Во XIX век, Стење се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во Отоманското Царство. До 1912 година, Стење било под турска власт, во тој склоп и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание земало активно учество со своја востаничка чета од 21 човек под раководство на Јоше (од Подмочани). По Илинденското востание, селото било ограбувано од арнаутските арамиски дружини.[2] ![]() По Првата балканска војна, селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во овие војни, стенчани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни, а во 1917 и во 1918 година, цивилното население било евакуирано во селото Горна Горица. Селото било целосно разурнато.[2] По завршувањето на Првата светска војна, Стење повторно се нашло под српска власт. Во овој период, Стење било општинско седиште, во чиј состав влегувале уште осум села: Отешево, Стење, Волкодери, Покрвеник, Шурленци, Лавци, Лескоец и Стипона. Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Во текот на војната загинале 6 жители (5 како борци на НОБ[3], а 1 како жртва на теророт). Првото училиште било отворено во 1949 година, додека селото за првпат добило електрична енергија во 1958 година, телевизиски прием во 1965 година, водовод во 1968 година, асфалтен пат во 1975 година, а телефонски приклучоци во 1989 година.[2] Стопанство![]() Жителите на Стење се занимаваат со земјоделство, одгледуваат јаболка, најчесто од сортите ајдарес и златен делишес. Десетина стенчани се занимаваат со риболов. Преспанско Езеро е богато со белвици, крапови тешки и до 20 килограми, а поретко има јагули и сомови. Отсекогаш, стенчани се занимавале со полјоделството, сточарството, ловот и риболовот, производството на ќумур и вар, пчеларството и печалбарството.[2] ТуризамВо поново време, туризмот започнува да се развива со силно темпо. На некогашната плажа била извршена целосна обнова, со поставување на нов песок, монтажни објекти на самиот брег, како и во самото езеро, изградба на ново шеталиште, а биле засадени и нови палми. Покрај самата плажа се наоѓа и хотелот „Рива“, а во самото село постојат и други сместувачки капацитети, со што се поттикнува туризмот во селото, но и на брегот на Преспанското Езеро.[4] Средствата за обнова на оваа плажа, заедно со онаа во Сливница, биле обезбедени преку буџетот, со што се очекувало да се надмине повеќегодишната стагнација во туризмот во Преспанскиот регион.[4] Население
Во текот на своето постоење, Стење го бележело следниот демографски развој: во 1519 година селото имало 149, а во 1583 година 95 семејства (М. Соколовски); во 1865 година 12 христијански куќи (Ј. Хан), а во 1889 година 23 куќи, 35 семејства и 165 жители (С. Верковиќ).[2] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стење имало 168 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стење имало 128 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7] Според пописот од 2002 година, во селото Стење живееле 438 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 304 жители, од кои 251 Македонец, 3 Срби, 2 останати и 48 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиСтенчани се потомци на следниве постари семејства: Аљовци, Баковци, Гомлезаровци, Чолаковци (доселени од Полјани - Албанија), Глогоровци (доселени од Горна Горица), Кондовци, Календаровци (доселени од Гура - Албанија), Младеновци, Наумовци, Нечовци (доселени од Гура - Албанија), Павлевци, Танчевци (доселени од Глобочани), Трајковци (доселени од Полјани - Албанија), Тасевци (доселени од Гура - Албанија), Ужановци, Цветковци и Чолаковци.[2] Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Српски
Општествени установи![]() ![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Царев Двор, во која покрај селото Стење, се наоѓале и селата Волкодери, Горно Дупени, Дрмени, Евла, Коњско, Лавци, Лескоец, Отешево, Перово, Покрвеник, Прељубје, Стипино, Царев Двор и Шурленци. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на некогашната Општина Стење, во која влегувале селата Коњско, Лескоец и Стење. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1670 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом. Во ова избирачко место се опфатени и селата Стење, Лескоец, Отешево и Коњско.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 434 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости![]() Стење претставува природна и културна ризница на Преспа со голем број на цркви и археолошки наоѓалишта. Меѓу нив се:
Неколку километри од Стење, во карпите високи три метри гостите можат да ја видат фреската на Света Петка. Селаните велат дека фреската е таму откако паметат за себе, а според легендите, ја поставил рибар што се спасил од бура. Тој видел светлина и успеал да дојде до местото од каде што доаѓала. На тоа место поставил икона на светицата што го спасила. Личности
Култура и спорт
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia