Црква „Св. Илија“ - Лесково
Св. Илија — црква кај демирхисарското село Лесково. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Денес црквата е во урнатини, а обновената црква е сместена на друго место во атарот. Стара црква![]() Старата Црква, која денес е во урнатини, е гробишен храм, сместен во Долната Маала на Лесково (41°13′22″N 21°07′08″E / 41.2228°N 21.1190°E). Изградена е кон крајот на XIX век.[1] Ова е еднокорабна градба со висок дрвен свод и полукружна апсида на исток. Ѕидаријата е од кршен камен, а отворите и венецот е од делкан бигор. Покривот е на две води со ќерамиди, а тој на апсидата е со камени плочки. Фасадите се фугирани. На северниот и јужниот ѕид одвнатре има пиластри кои продолжуваат како ребра на сводот. Внатрешноста е малтерисана, но без живопис. Иконостасот е од даски. На запад има трем со приземје и кат. На влезот стои икона од Пророк Илија.[1] Нова цркваНовата црква со истото се наоѓа во месноста Илиница, на 1,5 км источно над селото. Таа е еднокорабна, со малтерисана и варосана фасада. До неа има чешма и помошни објекти. Обновена е во 1980 г.[2] врз темелите на средновековна црква со истото име,[3] која веројатно била првата селска црква посветена на пророкот Илија. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia