Црква „Св. Илија“ - Немањици

Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Прва светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°55′32″N 22°00′15″E / 41.92556°N 22.00417°E / 41.92556; 22.00417
Место Немањици
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 2014 (обнова)
Архитектонски опис

Свети Илија — манастирска црква на поранешниот Немањички манастир во селото Немањици, Македонија. Во 2014 година била започната изградбата на нова црква.

Црквата се наоѓа северно од селото, на местото на старото село.

Местоположба

Црквата се наоѓа во месноста Старо Село или Селиште. Околу црквата се наоѓаат стари гробови.[1]

Историја

За црквата нема податоци кога е подигната. Истата била срушена за време на отоманскиот период.[2]

Во 1960-тите години биле останати само надворешните ѕидови високи 2 метри,[1] додека подоцна била видлива само олтарската апсида.[2]

Во ноември 2014 година отпочнала обновата на манастирската црква. Камен-темелникот на новата црква бил осветен од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 734.
  2. 2,0 2,1 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.
  3. „Поставен Камен-темелник на манастир во село Немањици“. ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ. Посетено на 2021-04-17.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya