Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Прва светиниколска
Местоположба

Карта

Координати 41°54′50″N 22°00′48.2″E / 41.91389°N 22.013389°E / 41.91389; 22.013389
Место Немањици
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1848
Архитектонски опис

Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Немањици, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој води кон сретселото. Во близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа на едно возвишување, спротивно од самото село.[2]

Историја

Црквата е изградена во 1848 година, но не е позната од кого била осветена.[3]

Според М. Филиповиќ, црквата била подигната од мајстор по име Дамјан, кој потекнувал од родот Зографовци од Велес.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа, а од западната и северната страна е доградена припрата. Во дворот на црквата има помошен објект, а во непосредна близина се сместени и селските гробишта.

Иконостас

Во периодот на изградба на црквата биле изработени и иконите од страна на зографот Атанасиј од Крушево.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 734.
  3. 3,0 3,1 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya