Црква „Св. Илија“ - Плаќе
Свети Илија — главна селска црква во охридското село Плаќе.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Плаќе. МестоположбаЦрквата се наоѓа на едно возвишение, во југозападниот дел на селото.[2] ИсторијаЦрквата била подигната во 1871 година.[3] Се верува дека некогаш на истото место на кое е подигната денешната градба имало постаро култно место. На западната страна на црквата можат да се забележат остатоци од градба, а во дворното место се наоѓаат стари средновековни гробови.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна. Била градена со кршен камен и делкан бигор, а апсидата на црквата е полукружна. Во минатото била покриена со камени плочки. Материјалот за нејзината градба бил носен од месноста Сопот.[2] На северната страна од црквата е изградена трпезаријата.[2] ФрескоживописЦрквата поседува фрескоживопис, за кој се претпоставува дека е насликан за време на изградбата на црквата.[3] Од овој живопис се останати само ликовите во олтарниот простор и во споредните ниши.[2] ИконостасВо внатрешноста постои иконостас на кој се наоѓаат четири престолни икони, кои потекнуваат од 1872 година.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia