Црква „Св. Кирик и Јулита“ - Бер
Свети Кирик и Јулита (грчки: Αγίων Κηρύκου και Ιουλίττας Βέροιας) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Дел е од парохијата „Св. Јован Милостив“.[3][4] Храмоте е изграден во XIV век од епископот Макариј Берски според керамопластичниот натпис на надворешниот ѕид на конхата на жртвеникот. Според писмо на патријархот Антониј IV од 1395 г., црквата била главен храм на ставропигијален манастир и подоцна е претворена во парохиска црква. Ова се случило во 1589 г. кога Костис станал ктитор на новото живописување на црквата.[1][2] Првичната црква била крстокуполна со впишан крст — единствен пример за манастирска црква со тој облик. Веројатно во XVI век куполата паднала и е направен дрвен покрив. Од исток има три керамопластично украсени апсиди. Во жртвеникот има остатоци од фрески од средината на XIV век, а на надворешниот западн и јужен ѕид има остатоци од XV век. Според надвратниот натпис на западниот влез, во 1589 г. Костис платил за повторно живописување на храмот. Тогаш се зографисани апсидата и северниот и јужниот ѕид на жртвеникот. Од истиот период се и фреските во наосот, кои се распоредени во три подрачја. Во најниското се светци во полн раст, во втората има сцени од животот на Пророкот Илија и други теми, како на пр. молитвата на Јоаким, Благовештението на Ана, Јоаким и Ана, Свети Игнатиј, и на крај во третото подрачје се Дванаесетте празници. Во XVII век е довршено зографисувањето на храмот со фрески на Исус Христос и Богородица на престол.[1][2] Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia