Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Солун (1981)За истоимената црква во Солун изградена во XIX век, видете Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Солун (1873).
Свети Кирил и Методиј (грчки: Αγίων Κυρίλλου και Μεθοδίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува поклонички храм.[1][2] Храмот се наоѓа во населбата Пирги на улица „Стратигос Калидопулос“ бр. 2 во средината на истоимениот крајбрежен парк. Каменот-темелник е поставен на 17 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски, а црквата е осветена во март 1983 г. и свечено откриена на 12 мај 1985 г. во присуство на претседателот Христос Сарѕетакис, 13 митрополити и министри. Првично државата доделила градежно место во универзитетскиот кампус близу стадионот „Кафтанзоглио“, каде на 11 мај 1971 г. митрополитот Леонид Солунски и водачот на хунтата Георгиос Пападопулос го поставиле каменот-темелник. Сепак, храмот почнал да се гради на денешното место десет години подоцна.[2] Градбата претставува голема крстовидна црква со купола. Изградена е по урнек на цариградската црква „Пресв. Богородица Фароска“ од IX век — времето во кое живееле Кирил и Методиј. Во црквата се чуваат мошти на Свети Кирил, испратени во 1976 г. од папата Павле VI на патријархот Димитриј I, а тој пак ги испратил во митрополијата на нивиот роден град. Во храмаот има копија и на иконата на Богородица Вратарница.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia